речник контакт

Брако освојува нови пазари во Италија и Германија

Новина е производство на метални делови за камиони наменети за италијанскиот и германскиот пазар

Петар Печков

Велешката   Металната индустрија ,,Брако,,   оствари две нови производни линии. Покрај постојната изработка на телекомуникациска опрема, медицински мебел, воведено е производство на метални делови за камиони. Тие се наменети  за италијанскиот и германскиот пазар.    Со ова производство, таа осигури стабилно работење во наредниот период. Брако  го шири производниот програм, со  нови дејности и нови типови на производи, наменети за нови клиенти.

Изминатите две години  интензивно работевме на два нови производи. Воведовме производство на компоненти за италијански  комунални камиони, за фирмата ,,Биострада,,.  Околу 800 делови од нивниот камион се произведуваат кај нас и во преговори сме, тие камиони во иднина да ги склопуваме во Македонија. Реализиравме соработка  и  со германска компанија  ..ЛСТ.. која се бави со градежна механизација, и со неа потпишавме договор за сериско производство на елементи потребни за нив  - вели  Кочо Анѓушев директор на ,,Брако,,.  

Металната индустрија ,,Брако,,  е извозно ориентирана компанија чие производство со 93 отсто се пласира во 19 земји. Таа вработува 420 лица и има две фабрики за жичен програм  во соседството, во Видин Бугарија  и во Панчево Србија. Анѓушев  очекува помош  за извозните компании, од Македонската Банка за поддршка на развојот и  поради што е потребно  зголемување на  нејзиниот капацитетот, како финансов така и кадровски. 

Банката треба да го помогне извозот и  да ги осигури побарувањата на македонските фирми од странските партнери.  Претходно ,,Брако,,  заврши зделка вредна 4,5 милиони евра, со кој државна мобилна телефонија на Косово ја снабди со 200 базни мобилни станици.  Брако  ја снабдува со медицински помагала светски познатата фирмa Хендикеар и Ромедик, шведско –данска корпорација.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »