речник контакт

Браќа пуштале во оптек фалц пари

Двајца браќа од Горно Јаболчиште поседувале 3.600 фалсификувани денари

Петар Печков

Велешката полиција поднесе кривична пријава против две лица за ,,фалсификување пари,,.  Браќата Р.З. (37 год)) и Џ.З. (38 год) биле фатени како на дело пуштаат во оптек фалсификувани денари.

Тие на бензинската пумпа „Мак-Петрол“ кај Градскиот базен во Велес, платиле гориво со фалсификувана банкнота од 1000 денари. Вработената се посомневала во вистинитоста на парите, па веднаш пријавила во полиција.  

Нивни службеници со  реагирале брзо  при што  двете лица се пронајдени и приведени во просториите на Полициска  станица Велес.

При прегледот кај Р.З и Џ.З.  и во патничкиот автомобил пронајдени се уште две банкноти од 1000 денари, една банкнота од 500 денари и една банкнота од 100 денари за кои по извршената експертиза на Народна Банка на потврдено е дека се фалсификат.  Настанот се  случил на  5-ти  септември  минатата година.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »