речник контакт

Брегот на езерото Младост узурпиран

Високите температури ги наполнија плажите од езерото, повеќе со кампери отколку со капачи

Петар Печков

За само десетина дена пустите плажи од езерото Младост се наполнија. Но повеќе со камепри, шатори и камп приколки  отколку со капачи. Велешани реагираат на ваквата состојба.

 Без оглед какви се плажите и нивниот квалитет, не е во ред јавните површини да се запоседнати од гости. Ги распослале нивните објекти и узурпираа просторот. Ова никако не е нивна сопственост и што ќе биде ако сите ставиме наши приколки, до водта нема да се стигне - велат велешани.

Тие посочуваат дека камперите се на делот повисоко од патот и тука на никого не му сметаат. Од локалната власт објаснуваат дека состојбата ќе се среди со изградбата на водоводната и на канализациона мрежа, за која градот се задолжи.

 Треба да реагира комуналниот инспектор и ги отстрани новопоставените објекти. Како општина немаме можнсот да управуваме со плажите а кога ќе ни бидат дадени во сопственост, ќе можеме да ги уредиме но и да воведеме ред - велат од општина Велес. Дотогаш хаосот ќе биде присутен на бреговите од езерото Младост, по системот кој прв стигне негово.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »