речник контакт

Брена, Цеца, Прљаво Казалиште, Бреговиќ, Грашо, Чола.. летово низ Македонија

Голема понуда а изборот е Ваш кого ќе слушате и гледате, повеќето за без пари но со скриени трошоци превоз, пиење, јадење...

Петар Печков

Голем број Балкански ѕвезди, повеќе ех Ју, летово ќе гостуваат во Македонија. Прв доаѓа Горан Бреговиќ на Бит фест во Битола, веќе недела  вечер за само 200 денари.

Следниот викенд е Пиво фест во Прилеп. Таму се САРС, Дубиоза Колектив-четврток, петок Есма, Влатко Стефановски, Кирил Џајковски, сабота Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски, Жељко Јоксимовиќ и в недела Петар Грашо и Лепа Брена.

Здравко Чолиќ засега за 500 денари, а како мине времето за поскапо,  ќе пее на 1-ви август во Охрид на Билјанини извори.

Во средината на август е спектаклот во Струмица каде извесно е ќе го отворат Прљаво Казалиште на 16-ти , на 17-ти ќе пее Харис Џиновиќ, а ќе го затвори Цеца на 18-ти август. 

Има и други три манифестации, за кои засега не е познато кој ќе пее, Пиво Фест во Скопје, Пиво Фест во Охрид и Тамбурашите во Куманово.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »