речник контакт

Бродот ,„Панини“ на езеро Младост

На најмалото езеро во Македонија Младост, лоциран е најголемиот брод во земјава „Панини“. Тој почна да се гради пред шест години но сеуште не е извесно кога ќе биде пуштен во работа.

Петар Печков

На најмалото езеро во Македонија Младост, лоциран е најголемиот брод во земјава „Панини“. Тој почна да се гради пред шест години но сеуште не е извесно кога ќе биде пуштен во работа. Неговиот сопственик вели дека потрошил многу пари, време и нерви за да го изгради бродот. Незнае кога по стариот добар бродски адет, бродот се пушта да се крши и шише со пијалок од неговиот прамец.

- Многу време ми одзеде добивањето на сите потребни документи. Од него остана само уште внатрешното уредување или уште 200 илјади евра – вели сопственикот Јованче Перков. Тој досега во изградбата на бродот вложил 1,5 милион евра а сега се обидува преку кредит од некоја од банките да ги обезбеди неопходните средства за тој да биде опремен и готов за пловидба. Подготвен е како хипотека да го стави и ресторантот кој го поседува или самиот брод, за што побргу долгогдишната одисеја да заврши. Бродот го привлекува вниманието на бројните посетители на велешкото езеро, но тој не може да прима гости.

„Панини“ со неговите димензии се одвојува од целината на питомиот езерски предел, долг е 56 широк 10 и висок 8,5 метри, тежок 560 тони има 2000 метри квадратни корисна површина под кров. Спаѓа во категоријата на туристички јахти и според сопственикот, тој е најголем во Македонија а верува и на Балканот, за езерата. Интересно е решено обезбедувањето на инфраструктурата, на оригинален малку предвидлив начин. Кога има брод, има и светилник.

- Светилникот, кој е висок 12 метри,  има две функции, освен што ќе го осветлува просторот и бродот, во него се сместени пумпите за вода, трафостаницата, пречистителната станица за фекалиите, телефонска централа – вели Перков. Тој за да стигне до квалитетна вода ископал бунар длабок 80 метри, од каде бродот ќе се снабдува неа. Тука се планира да се вработат 60 лица и ќе биде наменет  за висока класа гости со специјална понуда. „Панини“ е изграден на три нивоа, во потпалубата се кабаре и пивница, на палубата слаткарница и кафе додека натпалубата е намената за 14 апартмани. Има и летна тераса за 300 гости, бизнис сала за семинари со 120 седишта и ресторан за 500 гости.

\"\"

- Близината на автопатот Скопје – Гевгелија и аеродромот, се причина за бродот го изградам на велешко езеро Младост.Иако решението  за изградба од Бродската Капетанија Охрид го добив во 2002-та, не можам да прецизирам кога тој ќе биде пуштен во работа – вели сопственикот Перков. Бродот нема да сообраќа по езерото, туку ќе биде укотвен покрај брегот. До него ќе се стигнува преку понтонски мост долг 30 метри. Бродот е граден на суво, за потоа да биде спуштен во водата, го граделе 24 подизведувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Германија. Колку внимание е посветено на работата, покажува фактот што тој 16 пати е префарбуван, поради заштита од корозија.

На прашањето кога Перков се гледа со капетанската капа во бродската кабина, тој немоќно слегнува со рамениците, вели не е до него. Велешани пак иако немаат големо езеро чекаат кога на нивното Младост ќе проработи најубавата јахта во земјава.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »