речник контакт

Бруцошите од Техничко- технолошки факултет Велес, го имаа првиот час од новата студентска година (фото)

На факултетот има две насоки нутриционизам и прехранбена технологија и биотехнологија

Петар Печков

Денес првиот ден од октомври,  во 11,30 часот, во просториите на Технолошко- технички факултет Велес, се одржи првиот академски час на новите студенти запишани во прва година на прв циклус студии во академската 2020/2021 година. Ова е прва генерација на завршени девето одделенци и генерација која не полагаше матура.

Првиот час  беше  со физичко присуство на бруцошите, со целосно почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19, донесени од Комисијата за заразни болести, со задолжително носење на заштитна маска. 

Деканот  проф. д-р Татјана Калевска ги поздрави студентите, им посака стекнување на  многу знаење, уживање во најубавите години на животот кои се пред нив  и им ги врачи индексите. 

Кажа и дека наставата ќе биде прилагодена на новите услови на живот, под закана од ковид-19 или он лајн.

ТТФ од Велес работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола,  има две насоки нутриционизам и прехранбена технологија и биотехнологија.   На факултетот има и после дипломски студии од 2009-та и од 2015 и докторски.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »