речник контакт

Буба, но ниту лета ниту лази

Овој фолцваген со години стои заборавен од газдите преку пат на канцелариајта на комуналниот инспектор и е опаснсот по околианта

Петар Печков

Ако пред многу години овој автомобил токму на ТРМР беше посочен како интересно решение од сопственикот за неговиот изглед и кој го вртеше вниманието на велешани сега е заборавен.

Оставен во близина на полициската станица, преку пат од канцелариајта на комуналнито инпсектор, кој преку прозор може да го гледа, автомобилот е опаснсот за околината, посочуваат соседите.

Тука си играат деца иако `рѓосаниот лим е опасен за нив. Станарите повеќе пати алармирале до надлежните во локалната валст, но и по три години нема реакција. Иако законскта регулатива е прецизна дека вакви хаварисани возила не смеат да се оставаат на јавно-прометните површини, фолцвагенот е еден од десетината слични кои на други локации се оставени низ градот.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »