речник контакт

Бунт на Бошковски во Велес

Обединети за Македонија одржаа протестен митинг од каде испратија повеќе пораки до власта

Петар Печков

 Лидерот на Обеденети за Македонија Љубе Бошковски, од ,,Бунтот,, одржан во Велес, ги прозва сите досегашни македонски премиери, прашувајќи ги каде се парите од  приватизираната македонска економија. Тој побара одговорност и за транзиционите богаташи, кои преку ноќ поради близината со власта, станале газди.

Ниту еден политичар , ниту еден премиер, Бранко, Љубчо, Никола нема да бидат амнестирани  за нивните дела и ги прашуваме каде се 20 милјарди евра од македонската економија.  Транзиционите богаташи мора да одговорите каде се украдените пари од овој народ, нема амнестија за криминалците  и апашите. Долга е раката народна, каде и да се кријат сите тие, во Сибир или Алјаска,  еднаш ќе ги стигне раката на правдата. Македонија повеќе не може да трпи навреди и да се смее, кога и се плаче. Локални феудалци во познати ликови, ќе мора да одговорат од каде им се парите – изјави Бошковски во центарот на Велес. 

Лидерот на Обединети за Македонија од говорницата обелодени дека му се подготвува хајка, чија цел е токму тој, но од која не се плаши.

Ми се закануваат со разни  хајки од тајната полиција, јас не се плашам, не потклекнав пред светската обвинителка Карла Дел Понте, па како да  ме страв од неколкумина македонски арамии,  бидејќи ,,семејството,, нема одговор за 500 илјади евра како се префрлани и завршиле не нивните сметки. Затоа подготвувајте ги затворите, бандо криминална, Љубе ќе ве апси Вас, не вие него – порача Бошковски.

Тој посочи дека градоначалникот на Велес се задолжува со 1,8 милиони евра за да поставува жардинери, да затне некоја дупка а повеќето пари  да ги однесе на ,,семејството,,.   За Бошковски заминувањето  од  градот  на млади кадри е одлива  на луѓе кои заминуваат од земјава, за дел од нив да ги полнат затворите во Франкфурт. Но тука не заврши со состојбата во градот.

Од каде  газдата во Маслодајна, кој во 90-тите немаше чевли сега да биде газда. Ќе ги прашаме сите од кого го наследија целиот тој имот кој е народен. Мора да се изврши реформа и на приватизацијата и во аграрот, да се испита како тие што немаа ништо сега се газди, пред кои народот сега се поклонува. Ќе им дадеме толку колку што наследиле од нивниот дедо и татко, другото ќе се врати на македонскиот народ – рече Бошковски.

Тој одговори и зошто  партијата Обединети за Македонија не е во Скопје на маршот организиран од СДСМ против владеењето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Не сме во Скопје поради Бранко Црвенковски, која ја доведе Македонија на денешното дереџе и тој  сега бара да се амнестира. Не може тој да ја води македонската опозиција. Го поддржуваме маршот но не и организаторот – рече Бошковски.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »