речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ митинг на опозицијата на лаги и маниулации

Половината од присутните беа донесени од страна, смета власта а учеництие предвреме ја завршиле попладневната настава

Петар Печков

 Велешани имаа прилика повторно да бидат сведоци на празни реченици, на лаги и манипулации. Аце Коцевски, човекот кој на Велешани им должи највеќе одговори и кој има огромен товар од минатото беше најгласен во критиките.   Освен празни зборови со кои ги напаѓаше делата на ВМРО-ДПМНЕ тој не кажа ништо значајно.


Дополнително изразуваме разочараност од пораките кои беа испратени преку транспарентите на вчерашниот марш. Реченици за кои е непристојно ниту да се изговорат ниту помислат беа декор пред очите на Марјанчо Николов,Андреј Петров, Љубчо Георгиевски!

Друга работа која е крајно разочарувачка и за која нема оправдување е тоа што со вчерашниот митинг СДСМ покажа крајно непочитување на образовниот процес. Поставувајќи ја бината пред  зградата на Гимназијата и Хемиското училиште, СДСМ ја оневозможи наставата во последните два часа.  За ова тие треба да се извинат!

Но и како би очекувале нешто друго кога наставници во Велешките училишта ги ослободија учениците и отидоа да маршираат за спас на Бранко Црвенковски. Бранко им е очигледно поважен од работните обврски и наставата на учениците. За ова ќе побараме увид од страна на државниот просветен инспекторат и да се понесе лична одговорност!

На СДСМ им беа потребни луѓе од од другите градови за парадата да не доживее фијаско. Половина од присутните не беа граѓани на Велес.   Претесен беше просторот во населбата Тунел за да ги собере петнаесетината комбиња со кои беше носено членството од страна -рече претседтелот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Велес, Славчо Чадиев

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »