речник контакт

Вардарски плански регион се всели во зградата на Радио Велес (фото)

Освен канцелариите на Вардарски Плански регион, сместени се и канцелариите на Сојузот на стопански комори и на Стопанската комора

Петар Печков

Некогашната зграда на Радиов Велес од денес се дома за вработените од Вардарски Плански регион.   Новите простории, во реновираниот објект, официјално  беа  пуштени во употреба  на мала свеченост. Просториите на некогашното локално информативно средство, се обновуваа во две фази.

Првата, која е реализираше минатата година,   со средства од 900 илјади денари беше реконструиран првиот кат.  Втората со средства од Министерството за локална самоуправа во висина од 1,8 милиони денари беше реконструиран вториот кат.  

Освен канцелариите на Вардарски Плански регион,  сместени  се и канцелариите на Сојузот на стопански комори и  на Стопанската комора на Македонија. Така сите заедно ќе имаме подбори услови за работа и ќе можеме да се посветиме уште повеќе  на нови активности за економски развој на регионот   - рече Марко Колев раководител на ВПР, кој постои шест години.

Тој како новина до крајот на годината најави дека ќе работат на стратегија за иновација.  Реновираниот објект во употреба го предаде заемникот министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов. 

 Бизнис центарот е осми  и последен ваков центар во Македонија. Со ова се заокружува целокупниот проект.  Секоја фирма која ќе биде регистрирана во овој Центар, навремено ќе ги добива сите промени на законската регулатива, погодностите во финансиското работење. Потоа секој инвеститор ќе добие демографска, социјална и стручна структура на работоспособното население. Така им се олеснува целокупното работење на фирмите - изјави Пренџов.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »