Петар Печков
Објавено: среда, 28 јануари 2026
Нивото на реката Вардар низ Велес е повторно во пораст, се заезери порсторот околу Мало мовче.
Утринава во 7,30ч. нивото кое го измери хидрологија при УХМР беше 180 цм. но очигледно е дека попладнево тоа е покачено. Тоа се должи на високиот водостој на притоките, пред се на Пчиња.Вчера Вардар низ Велес имал ниво од 120 цм. Но се очекува дека ова е максимумот и дека нивото ќе почне да опаѓа.
Овој месец во повеќе наврати Вардар во Велес имаше високо ниво, ја зафаќаше површината околу Мало мовче.Така беше на 9-ти на 11-ти, 14-ти јануари. Просекот за јануари е 86 цм.
Нивото на реката Бабуна нзи Богомила е 20 цм. помало од вчера кога било 24. Просекот за јануари е 15 цм.
| Tweet |





