речник контакт

Вардар на влезот од Велес се загадува со непозната материја две седмици

Реагираат од Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,, и бараат да се најде сторителот

Петар Печков

Во реката Вардар на влезот во Велес две седмици има загадување. Секојдневно во попладневните часови на испусниот канал близу управната зграда на ЈКП Дервен  има мрсни дамки. За овој проблем   посочуваат од Спортското риболовно друштво ,,Бабуна,, од Велес.  Тие информациите ги добиле од рекреативците кои спортуваат во Градскиот парк но и од спортските риболовци кои ловат во тој дел на градот. 

До нас стигнаа реакции дека од испусниот канал лоциран близу управната зграда на ЈКП Дервен, од каде отпадни води се влеваат во реката Вардар се шири лоша миризба, реа и истекуваат големи масни крепи.  Во повеќе наврати бевме на местото и констатиравме дека истекува црна вода и  мрсна материја која е леплива. Ги информиравме сите надлежни инспекции, одговор не сме добиле што се случува. Но и покрај нашите укажувања и натаму од испусниот канал истекуваат овие материи а се чувствува и лоша реа. Големо е нивото на реката Вардар па така немаме регистрирано помор на риба   - кажа Лазар Лазаревски секретар на СРД ,,Бабуна,, Велес. 

Кога биле на местото констатирале дека по брегот на реката Вардар во близина на ова место, бил покриен со  непозната  леплива материја. Посебно изразено истекувањето било во петок и сабота попладне. Во испусниот канал  се слеваат отпадни води од неколку велешки фирми од индустрискиот дел на градот. Од СРД Бабуна предупредуваат да се најде кој тоа исфрла недозволени материи во реката.

Тука е наоѓа популарното ..островче,, кое за одредена група сограѓани е популарно во овие летни денови, каде го минат слободното време. Реката Вардар не е дозволена за капење, но тука на овој остров престојуваат луѓе, кои за да стигнат до него мора  да го преминат Вардар. Доколку овие материи продолжат да истекуваат, освен што ќе влијаат на флората и фауната на реката, ќе влијаат и на здравјето на рекреативците. А   испарувањата и лошата реа пак влијаат на големиот број велешани, мајки со деца кои ја вдишуваат а во попладневните часови го минат на прошетка во Градскиот парк и покрај реката - додава Лазаревски. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »