речник контакт

Вардар се разлеа и поплави (фото)

Поради високиот водостој мостот кај Башино село одредено време беше забранет за сообраќај

Петар Печков

Високиот водостој на Вардар беше причина мостот кај Башино село  од вторникот вечерта до средата наутро да биде забранет за сообраќај. Откако беше исчистен од наносите на дрвја, од екипите кои ги ангажираше локалната самоуправа, тој повторно е во функција. И на мостот Гемиџии можат да се забележат наноси на дрвја, кои ќе се отстрануваат, откако нивото ќе се намали. Надлежните уверуваат дека сега тој е безбеден.

Највисокиот водостој на реката Вардар бил околу еден по полноќ пошто почнал да се намалува. Ова беше причина тој да се излее и да ја однесе пешачката патека која беше започната да се гради  кај спортските терени на некогашното ОУ Џинот. Вардар се излеа и во центарот на Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »