речник контакт

Вардар утрово со ниво од 130 цм во Велес

Реката Вардар со висок водостој, но далеку од излевање

Петар Печков

Обилните врнежи кој ја зафатија територијата на Македонија, предизвикаа зголемување на нивното на реките во земјава.  

Така реката Вардар во Велес, според УХМР, денес петок во 7,30 имаше ниво од 130 цм што е за 20 повеќе од вчера и за три и пол пати повеќе од месечниот просек, кој е 36 цм.

Повисоко ниво има и реката Бабуна кај Богомила,  каде неколку дена по ред изнесува 34 цм.

Можно влијание за нивото на реката Вардар во велешко, може да има нивото на река Пчиња, кое утрово кај Катлановска бања било 78 см наспроти вчерашните 56 и месечниот просек од 46 цм.

Од Центарот за управување со кризи објаснуваат дека состојбата е тековна, нема излевање на реките.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »