речник контакт

Веб-апликација за зајакнување на соработката меѓу граѓаните и локалната власт

http://www.prioriteti.focus.org.mk е Вашата можност за решавање на локалниот проблем

Петар Печков

Фондацијата „Фокус“  во салата на Општина Велес ја промовираше веб-апликацијата со која треба да се овозможи закајнување на локалниот интегритет во четирите општини Велес, Чашка, Градско и Лозово.

Апликацијата ќе има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки од една страна и зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалната власт во испораката на квалитетни услуги кон своите граѓани од друга страна.

- На http://www.prioriteti.focus.org.mk ќе можете да ја погледнете интерактивната апликација која на граѓаните ќе им овозможи да даваат предлози за кои ќе гласаат по што откако ќе станат приоритети ќе можат да се изгласаат од советите и да се реализираат во реалноста, истакна, извршната директорка на фондацијата „Фокус“, Весна Шкортова.

Алесандро Фракасети, в.д. постојан претставник на УНДП во Македонија изрази задоволство што организацијата со повеќе општини во Македонија реализира проекти во кои граѓаните ќе можат да учествуваат и да бидат вклучени во интеракција со општините.

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев истакна дека со оваа апликација ќе се добие еден нов квалитет во комуникацијата со велешани, ќе се надогради досегашната работа, ќе се запази транспарентноста, како и досега согласно законите со акцент во доменот за борба против корупцијата. Чадиев потврди дека изборот на граѓаните за нив ќе биде правило за работа.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »