речник контакт

Велес доби Ресурсен центар за деца со пречки во видот

Лоциран во просториите на некогашното училишта ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. Тука ќе се сместат и други здруженија на лица со посебни потреби

Петар Печков

Предаден на користење е   Ресурсниот центар за деца со пречки во видот во Велес.  Тој е лоциран во просториите на некогашното училишта ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. Во овие простории децата кои имаат проблеми со видот ќе можат да се стекнуваат со неоходните знаења, да следат настава   и да се описменуваат.

Центарот е отворен со средства и помош на УСАИД и Лајонс клубот. Велешкиот е еден од петте кои се отвораат во земјава, во Штип, Скопје, Тетово, Битола. 

Со овој центар се овозможува на децата  да имаат пристап  до текстови со Браева азбука. Потоа со најновата технологија да ги читаат, користат овие средства. Постои и можност да се детектира  видот кај децата од 3 до 6 години, кога има можност тој  да се корегира, без инвазивни методи   - изјави  Џемјс Стајн директор на УСАИД.

Центарот располага со најнови средства  за учење со Брајово   писмо, корекција на видот и разни дидактички материјали. Тие треба да помогнат  во учењето на наставни предмети од  математика, преку мајчин јазик до физичко воспитување. На располагање учениците  имаат вибрирачки  душеци, тактилна патека, интерактивна табла, дигитални зголемувачи на текст,  посебни читачи.  

Со сите нив специјалните едукатори ќе ги одржуваат часовите за предметна настава. Наставата во Ресурсниот центар ќе се одвива во групи од 5 до 10 деца. За неговите потреби досега се отпечатени 30 учебници во Брајово писмо а во наредниот период и сите останати учебници кои  се потребни за настава  ќе бидат изработени во оваа азбука.   Локалната самоуправа го помогна овој Центар обезбедувајќи простории.    

Работиме за подобрување на условите и потребите на децата со пречки во видот. За почеток во овој објект е сместен Центарот за деца со пречки во видот. Следуваат и други здруженија на лицата со посебни потреби и пречки во развојот, кој ќе бдиат сместени во истиот  објект. Тука во близина е и ОУ за деца со потреби Маца Овчарова.   Ова е мошне важен момент за децата со посебни потеби од Велес, ова е ново време  за нив -  рече Славчо Чадиев  градоначалник на Велес. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »