речник контакт

Велес доби нов паркинг простор, кај пазариште

Има нови 60 места

Петар Печков

Во близина на Градскиот пазар, покрај реката Вардар, до Мало мовче, изграден е нов паркинг простор. Има капацитет од 60 места, со што ќе се намали побарувачката за паркирање во овој дел на градот. Посебно ќе се олесни во пазараните денови, кога беа окупирани  околните тротоари. Според градоначалникот овој нов паркинг простор, ќе го  намали притисокот за паркирање во центарот на Велес и ќе го намали хаост што владее во централното подрачје. 

Очекувам дека   нема да има таква гужва во центарот на градот, за тие што одат до Банките, до Судот, адвокат. Измерено до Сармаале, до овој паркинг простор има 4,5 минути. Останува сега граѓаните и нивната совест  да не ги завршуваат работите со паркирани коли на улица а тие по институции - изјави градоначалникот Чадиев.  

Тој потсети дека Велес е еден од ретките градови во земјава каде не се наплатува паркинг просторот.  Планирано е овој простор и да се осветли и заедно со тој кај Агенцијата за вработување имаат капацитет од 200 автомобили. Секако во близина се и паркингот кај Стар Мост и двата паркинзи позади Работничкиот Универзитет.  

Во недостаток на паркинг рпостор, велешани често знаат да ги паркираат нивните автомобили и на двата моста, Железен и Стар мост. Локалните власти најавуваат дека планиран е да се гради  паркинг простор и во новиот дел на градот, позади маркетот Жито, кај Авона.   

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »