речник контакт

Велес доби суперлигаш во ракомет

Екипите на суперлигашот Младост од Богданци и прволигашот Борец од Велес се фузираа во една нова која се именува Борец-Младост и ќе настапува во најквалитетната ракометна лига.

Петар Печков

Екипите на суперлигашот Младост од Богданци и прволигашот Борец од Велес се фузираа во една нова која се именува Борец-Младост и ќе настапува во најквалитетната ракометна лига. Поради финансиските проблеми на богданчани дојдено е до спојување на овие две екипи, а новата екипа Борец-Младост натпреварите како домаќин ќе ги игра во велешката сала 25 мај.

- Двете упр?ви се согласија и клубовите се соединија во еден, за што се информирани и првите луѓе на РФМ. Со натпреварите во супер лигата започнуваме од сабота во Скопје со Тинекс Пролет, на задоволство на велешката публика која десетина години чека на враќање на Борец во елитната лига – изјави претседателот и спонзорот на велешани Васил Нановски.

Договорени термините за одигрување на двата заостанати натпревари на Младост од првите две кола, против Вардар в вторник и МРК Вардар четврток, следната седмица. Тренер на екипата ќе биде поранешниот ракометар Зоран Виларов а играчкиот кадар ќе го сочинуваат млади играчи од Борец и Младост.

Финансиска помош за екипата најавила и општина Велес. Враќањето на Борец, и на ваков начин во елитното натпреварување, предизвика радост кај спортските вљубеници во градот. Борец беше првак на Македонија во 1995-тата година и година дена претходно освојувач на Купот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »