речник контакт

Велес доби цветен замок (фото)

Употребени три илјади саксии и десетина сезонски видови цвеќиња

Петар Печков

Во Младинскиот парк се изгради замок од цвеќе. Тоа е минијатурна реплика на францускиот замок ,,Равале,, на збратимениот град Шербур од областа  Долна Нормандија.  Четири дена вработените од  ЈКП Дервен го украсуваа со саксии на сезонско цвеќе, на метална конструкција која ја изработи ,,Брако,,.  

При украсувањето искористени се три илјади саксии со сезонско цвеќе, десетина видови различно цвеќе - темјанушки, брасики, ползавци.  Тоа ќе се менува на одреден временски период, во зависност од годишното време.   Во изградбата употребени се и 300 рециклирани пластични шишиња. 

Целта на овој проект, кој го работевме со француски Шербур е зачувување на архитектурата и животната средина. Замокот беше декориран од средношколците кои беа во посета на збратимениот француски град - изјави Јадранка Стефкова од локалната самоуправа на Велес, која беше задолжена за реализација на овој проект.    

 Цветниот замок ,,Равале,, беше создаден во чест на пријателството на двата града и 9-ти ноември, Денот на Општина Велес.   Набргу во збратимениот град  Шербур ќе биде поставена минијатура,   Градскиот саат во цветно издание

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »