речник контакт

Велес домаќин на Мали Олимписки игри

Од денес до сабота околу 800 ученици од 5-то до 8-мо одделение ќе учествуваат на 5-тите Мали Олимписки игри, наменети за основните училишта кои ќе се одржат во Велес.

Петар Печков

Од денес до сабота околу 800 ученици од 5-то до 8-мо одделение ќе учествуваат на 5-тите Мали Олимписки игри, наменети за основните училишта кои ќе се одржат во Велес.

Основците од осум региони од Македонија ќе се натпреваруваат во пет дисциплини, ракомет, одбојка, кошарка, фудбал и атлетика а организаторот вели дека ова е најголемиот спортски собир годинава во земјава.

Отварањето е  вечер во салата 25 мај а се најавува спектакуларна претстава насловена „Велешка приказна“ со учество на бројни гости и пеачи. МОИ ќе чинат околу 2,4 милиони денари од кои еден милион се на Министерството за образование, 850 илјади на градот домаќин Велес, 400 илјади од Федерацијата за училишен спорт и Агенцијата за млади и спорт како и 200 илјади од две средни училишта Хемиското и Гимназијата.

На овој начин спортска сала на Хемиското како и таа на ОУ „Благој Кирков“ се комплетно реновирани, со нов под, соблекувални, трибини, покривот, додека во помал обем е обновена и салата на ОУ „Св.Кирил и Методиј“. Сите деца учесници ќе бидат сместени дома кај нивните врсници од градот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »