речник контакт

Велес низ слики 1912-1918

Низ германските и француски фотографии, од Архивот на Македонија. Пазарот, Вардар, отворање на Детската Болница...

Петар Печков

На фотографиите, кои потекнуваат од периодот 1912 до 1918 година е отсликано секојдневието на Македонците за време на Балканските војни и Првата светска војна. Повеќе од 100.000 Македонци биле мобилизирани во армиите на Србија, Бугарија и Грција во текот на Првата светска војна, од трите окупирани дела на Македонија, со што на фронтовата линија се нашле татко против син, брат против брат и ги дале своите животи за туѓи идеали. Последиците за Македонците биле ужасни. Илјадници семејства раселени, куќи разрушени, запалени, чеда разделени од своите мајки, останати вдовици, сираци... 

Фотографиите се дел од мултимедијалната изложба „100 години од распарчувањето на Македонија и почетокот на Првата светска војна“ на Државниот архив на Република Македонија. Изложбата вклучува над 200 материјали (фотографии, скици и документи), селектирани од авторите на изложбата Васко Дукмеџиев и Дора Јурукова од депото на Државниот архив на Македонија.

На фотографиите, кои потекнуваат од периодот од 1912 до 1918 година и биле објавени во француски и германски весници, се прикажува дел од секојдневјето на Македонците за време на Балканските војни и Првата светска војна.

 Со надеж дека оваа фото изложба на  Републичкиот Архив, до година ќе ја видиме и во Велес!! чекаме...

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »