речник контакт

Велес продолжува тивко да умира, во 2013 во минус 146 жители

Лани во Велес природниот пораст во минус, повеќе починати отколку родени, повеќе отселени отколку доселени. Во велешко повеќе се раѓаат машки бебиња а почесто умират мажите.

Петар Печков

Продолжува  негативниот тренд на населението во општина Велес, присутeн во општинaта последнитe години. Податоците од Заводот за статистика за 2013 се поразителни. 

Во минатата година родени биле 573 бебиња а починало 641 лице. Или во старт е минус од  68 лица.  Кога   ќе се додаде бројката на отселени која е 244 и е повисока од доселените 164, со минус од 78 лица. Севкупно во 2013-та во општината имало помалку  146 лица.  Од Починати  641 од нив машки  се 347,  женски 294, умрени 10  доенчиња. Од починатите  во болница умреле 259 лица.  Од  родени  во 2013  - 573 бебиња,  298  се машки,  270  се  женски, 5 починале  веднаш по раѓањето, 566 се родени во болница. Во Велес лани имало 164 лица доселено, 129 биле од  други градови во Македонија, другите 35 од странство. Во  истиот период  отселени  се 244, сите во Македонија, според статистички податоци на Заводот.  Во велешко повеќе се раѓаат машки бебиња а почесто умират мажите. 

 Во општина Градско лани се родиле 44 бебиња,  од нив 26 машки и 18 женски, сите во болница.  Во Градско  во 2013-та 36 лица  починале, машки 24  а 12 женски, доенчиња 1, во болница 10 лица го завршиле животот. Во Градско  лани се  доселени 20 лица,  19 од Македонија,  еден до странство. Во изминатите 12 месеци  има 28 отселени,  27 во МКД еден во странство. Или во 2013 во Градско нема  природен прираст, разликата меѓу родени и починати, доселени и отселени е 0 (нула).


 Во  општина Лозово родени се  32 бебиња, 15 машки  и 16 женски, 1 починало веднаш, 31 бебе е родено  во болница. Ова оваа општина лани  33 починале, 21 машко   и 12 женски, во Болница  13 лица другите дома. Во Лозово  лани има доселени 12 лица, 11 се од Македонија д еден до странство. Во општината отселени се  19,  во земјава останале 18  а  1 во странство. Во општина Лозово природниот прираст лани бил негативен осум лица.


 Во општина Чашка  има висок наталитет со  169 родени бебиња,  95 машки и  72 женски,  2 починале веднаш..165 од бебињата се родени  во Болница   Во  општина Чашка лани  починале 84 лица , машки 40, жени 44,  7 доенчиња. Од починатите  во Болница биле  25.  Во Чашка има доселени  48 лица,   37 од Македонија 12 од странство. 59  лица  се отселиле,  48 во МКД а 11 во странство. Природниот прираст во оваа општина  е единствен позитивен од 74 лица.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »