речник контакт

Велес се збратими со Новогард од Полска

Општина Велес се збратими со Општина Новогард, Република Полска. Ова е едногласната одлука на Советот на општина Велес, донесена на седницата од први март

Петар Печков

Се воспоставуваат релации на соработка со Општина Новогард, Република Полска во областа на образованието, културната размена, локалниот економски развој, трговската размена, и сите други области од надлежност наопштините, во интерес на граѓаните на двете општини. Новогард е препознатлив по карактеристичните пејсажи.

Главна туристичкаатракција е езерото лоцирано во центарот на Новогард, со површина од 1,12км². Езерото се користи за рекреација и спортови на вода. Езерото во Новогарде познато по убаво уредените плажи и околните шуми.Општината има околу 35.000 жители, а само во градот живеат 25.000.

Градоначалникот на Новогард, г-дин Кажимир Зимба изразил подготвеност засоработка и желба делегација на Општина Новагард да го посети Велес, во текот на пролетта 2010.
Со оваа одлука се создава можност за проширување на меѓународнатасоработка на Општина Велес со општина на уште една земја членка наЕвропската Унија, Република Полска. Се создаваат можности за едукација на
младите од двете училишта за реализација на билатерални проекти иактивности и се отвораат перспективи за размена на искуства и активности заразвој на туризмот.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »