речник контакт

Велес со кредитен рејтинг како Истанбул а подобар од Киев

Велес и Струмица се првите две општини во Македонија кои имаат кредитен рејтинг изработен преку Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“

Петар Печков

Велес и Струмица се првите две општини што имаат кредитен рејтинг изработен преку Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“, што значи нивна финансиска стабилност, односно поставување на финансиската мапа на светски значајни веб-портали.

Градоначалникот на Велес, Горан Петров, изјави дека кредитниот рејтинг претставува и обврска, бидејќи треба да се одржува таа стабилност и да се планира буџетот за да се избегнат сите евентуални потреси.

Убеден сум дека со добивањето на овој кредитен рејтинг ќе може да се легитимираме пред сите странски и меѓународни финансиски институции пред заинтересираните од бизнис-заедницата, односно Велес и Струмица да можат самостално да решаваат за своите капитални инвестиции - рече Петров.

Генералниот директор на „Мудис“ за централна Европа, Питер Винс, смета дека со поставувањето на финансиската мапа за кредитен рејтинг на општините, поддршката од Владата ќе биде многу мала или воопшто нема да биде потребна.Општините Велес и Струмица се со В1-кредитен рејтинг, што е на ниво на Истанбул, а подобро од Киев

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »