речник контакт

Велес танцува

Со дефиле на повеќе фолклорни друштва низ улиците во Велес синоќа започна 9 Интернационален фолклорен фестивал

Петар Печков

На свеченото отворање на фестивалот на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес настапија фолклорните ансамбли „Владени‘‘ и „Валуриле Дунариј‘‘ од Романија, „Емона‘‘ од Словенија, КУД „Зора‘‘ од Унгарија, ДМТА „Дунавска младост“ од Бугарија, „Славица‘‘ од Русија и „Керамичар‘‘ како домаќини од Велес. Овогодинешното издание на фестивалот во 5-те фестивалски вечери ќе понуди настап на вкупно 18 ансамбли од осум  земји кои ќе го претстават својот фолклор преку песните, ората, танците и музиката.

На сцената својот фолклор до 30 јуни до кога трае фестивалот   ќе се  претстават два фолклорни ансамбли од Слобозија, Романија, по еден фолклорен ансамбл од Словенија, Унгарија, Русија, Бугарија и Србија, а вистинско изненадување за присутните ќе биде настапот на културната танцова група од Малезија во чиј состав ќе настапат клубот за уметност и култура и танцовата група „Рафлезиан“ од Малезија.

И оваа година веќе традиционално во фестивалските вечери ќе настапат велешките фолклорни ансамбли „Керамичар“, „Коле Неделковски“, „Вила Зора“, „Распеани велешани“, „Распеани пензионери“, како и фолклорните ансамбли од Свети Николе, Скопје и Кавадарци а свој настап ќе има и оркестарот на традиционални инструменти „Зора“.

Покрај во Велес дел од гостите ќе настапат и во Свети Николе, Чашка и Кавадарци.

Целта е и останатите општини да го збогатат своето културно живеење со интересни  фолклорини вечери од повеќе земји, изјави Томе Јаневски претседател на организацискиот одбор на ИФФ „Велес 2012‘‘

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »