речник контакт

Велес ќе живее во ритмот на традиционалните ора

По седми пат Велес домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал на традиционални ора и танци, годинава со двеста учесници од 14 ансамбли

Петар Печков

Од први до четврти јули Велес ќе биде домаќин на 7-миот фолклорен фестивал ,,Велес 2010,, на кој ќе учествуваат околу  14 ансамбли со  двеста играорци од пет балкански земји. Отворањето како и лани резервирано за  играорците на Танец.

Гости од странство се ансамблите од  Истанбул Турција, Силистра Бугарија, Долчни од Романија и  Врање од  Србија. Годинава одлучивме фестивалот да се фокусира на меѓународната фолклорна размена но и поттикнувањето на младите во негувањето на богатите фолклорни традиции на народните. За таа цел младите од  ансамблите од Ајдартет од Скопје и Срма од Куманово кои треба да ја продолжат традицијата на традиционалните ора и танци.

Меѓу учесниците се и Распеани Велешани, Керамичар, Вила Зоран, Коле Неделковски, Бирлик како и гости од  КУД Тодор Јанев од населба Чашка и  КУД Никола Јонков Вапцаров од населба Лисиче Скопје – најави Томе Јаневски претседател на организациониот одбор на манифестацијата која традиционално привлекува илјадници велешани.

Фестивалот ќе се одвива четири вечери во Амфитеатарот во Младинскиот парк или доколку временските услови се неповолни во спортската сала Гемиџии со почеток во 20,30 часот. Ансамблите ќе ги посетат  и ќе настапат во населба Чашка и Градско. Фестивалот е организиран од Општина Велес која за негово одржување одвои 600 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »