речник контакт

Велес домаќин на претквалификациите за СП во футсал

Кога не сакаа ракометарките, тогаш ќе има футсал. Од 20 до 23 октомври во салата Гемиџии ќе играат репрезентациите на Франција, Црна Гора, Швајцарија и Македонија.

Петар Печков

Македонија е  во Е-групата со селекциите на Франција, Црна Гора и Швајцарија. Квалификацискиот турнир ќе се одигра од 20 -23 Октомври во Велкес во салата Гемиџии, решија во ФФМ. Од секоја група во главната квалификациска рунда патуваат првопласираните селекции и двете најдобропласирани од четирите групи.

Доколку Македонија го освои првото место во групата тогаш за противници во главната квалификациска рунда ќе ги добие селекциите на Азербејџан, Украина и Хрватска. Доколку пак го освои второто место можни противници се екипите од 1. Група- Шпанија, Белгија и БиХ или пак од 4. Група каде што се Португалија, Словачка и Литванија.

За нас секако најважен добриот настап во претквалификациската група која според мене е со изедначен состав. Овие репрезентации добро ги познаваме. Франција ја победивме и ремизиравме на последните две пресметки. Со Црна Гора имаме одиграно многу средби и имаме позитивен скор, а на последните две пријателски средби ги совладавме со 2-1 и 4-1, со Швајцарија немаме играно. Генерално гледано , силна и квалитетна група. Според резултатите фаворити сме ние и Франција, но и црногорците не се за потценување бидејќи играат непредвидливо како и Швајцарија која има резултатски подем - вели селекторт Скендеровски.
 
 Еве ја програмата на натпреварите; ( според сајтот на УЕФА)
 20.10 18 ч. Франција - Швајцаарија
       20,30 Македонија - Црна Гора
 21.10 18ч.  Црна Гора - Франција
       20,30 Македонија Швајцарија
 23.10 16,30 Швајцарија - Црна Гора
       19    Франција - Македонија

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »