речник контакт

Велешанецот, ракометарот Ончев со нов договор во Франција

Ќе игра за второлигашот Вернон

Петар Печков

По една одиграна сезона во францускиот третолигаш  Вернуј,  велешкиот ракометар, интернационалецот  Тоше Ончев ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој неодамна потпиша за францускиот второлигаш Вернон. Потписот е за една година, со можност да биде продолжен уште една. 

Ончев  (22 год) кој кариерата ја започна во Борец,  игра на позиција  лев бек, но и  на плејмејкерската позиција.

Минатата сезона 2018/19 екипата на Вернон беше на 11-то место од 14 во Втората француска лига.  

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »