речник контакт

Велешанецот Димитриевски и кладе пет гола на Барса

Ова е во натпревар од Шпанскиот ракометен куп

Петар Печков

Младиот велешанец Дарко Димитриевски во куп натпревар во Шпанија одигра одлично и постигна  пет  гола за неговата екипа против гигантот Барселона.

За волја на вистината Пуерто Сангуто  од Валенсија загуби убедливо со 44:27 и во реваншот, во првиот натпревар беше 42:21,  ама велешанецот ги покажа неговите  квалитети. Претходно во првиот натпревар за неговиот нов клуб , во првенството тој постигна еден гол.

Димитриевски кој игра на позицијата среден бек, и со дресот со број 88 до крајот на сезоната ќе игра во АСОБАЛ лигата.  Претходно тој играше во Катар а има одиграно и средби на националниот дрес на Македонија  за младите до 20 години.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »