речник контакт

Велешанецот Ефремов ќе трча на Олимпијадата во Лондон!!!

Тој е првиот спортист од градот кој ќе се натпреварува на најзначајната спортска манифестација на светот.Ќе настапи на патеката од 400 метри

Петар Печков


ИО на АФМ донесе одлука дека на претстојните ЛОИ ќе учествуваат атлетичар-ка со најдобар резултат (според ИААФ табелата) кои ќе биде постигнати најдоцна до 10 јуни 2012. Согласно ова АФМ до Македонскиот Олимписки Комитет реши да ги пријави Кристијан Ефремов ( 22 год) член на АК Перпетуммобиле од Скопје  и Ивана Рожман ( 23 год).

Со оваа одлука за прв пат во историјата на Велес, еден спортист од градот ќе ги брани боите на македонската држава на најголемиот спортски настан во светот Олимпијадата

. Најдобар личен резултат, воедно и негов најдобар резултат годинава е 48.26 сек.  Постигнат на 9 јуни годинава во  Софија, Бугарија на атлетски митинг. Тој беше учесник и на Светското дворанско првенство кое во март се одржа во Истанбул Турција. Го освои 25-тото место од 31 учесник.
 Еве што изјави Ефремов, кој во 2008-та беше избран за спортист на Велес,  за ТРМР за овој за него значаен настап.

На 9 јуни на силен меѓународен митинг во Софија значително го подобрив моето најдобро остварување на 400 метри, кое сега изнесува 48.26 секунди, што претставува најдобар резултат во македонската атлетика последните неколку години. Ова укажува дека сум во солидна форма и дека ќе го дадам својот максимум на Олимписките Игри во Лондон и ќе ја претставам Македонија во најдобро светло. На ОИ во Лондон ќе настапувам со вајлд-карта, која им се доделува на малите и неразвиени земји кои не можат да ги исполнат силните олимписки норми и тоа најчесто во атлетика и пливање.

Со оглед на минималните услови кои ги имам и тоа што не примам никаква спортска стипендија, задоволен сум од сегашната форма. Од олимписката Б норма ме делат 2.36 секунди, па со соодветни подготовки и финансиски средства на следната олимпијада во Рио де Женеиро  2016 би можел да учествувам со олимписка норма – вели Ефремов.

Пред Лондон,  на Ефремов му  претстои уште едно големо натпреварување - Европско Првенство во Хелсинки кое ќе се одржи од 27 јуни до 2 јули. Последен тест пред Олимпијадата ќе му биде Балканското првенство во Едрене, Турција.

Македонија на Летните Олимписки игри во Лондон освен атлетичарите Ефремов и Рожман ќе настапат и  пливачите Симона Маринова и Марко Блажевски, кои учеството го обезбедија  од Светската пливачка федерација со две  вајлд карти.  На нашите претставници олимпиското гесло е тоа на Кубертен ,, Важно е да се учествува,, .

 На Летните  пара олимписки игра  1980-та година во Арнхем Холандија  велешанецот  Вангел Жабев Вангел   освои два бронзени медали во пливање. Досега во самостојна Македонија единствен освен медал е бронзениот во Сиднеј 2000-тата на натурализираниот  борач Могамед  Ибрагимов.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »