речник контакт

Велешанецот Латифи како волонтер на Црвен Крст во Италија, помага на болните од корона вирус (фото)

Состојбата во Италија е критична и апелирам до моите сограѓани, останете дома и чувајте се

Петар Печков

Велешанецот Кенан Латифи (34 год) 16 години живее во Италија, во гратчето Сан Џовани Ротондо со околу 26 илјади жители, во централна Италија, близу Фоџа.  Тој три години  е активист на тамошниот Црвен крст, а деновиве е ангажиран како возач и околу пренесување на болните од корона вирусот, откако сите работни здачи се прекинати.  Латифи се јави до читателите на ТрМр со порака како е во Италија, но и да ги слушаат препораките, да бидат дома.

Со оваа барела се пренесуваат болните од корона вирусот од дома до болница или од болницата во овој град до тој во Фоџа. Секојдневно има по 5-6 пациенти, работиме по 15 часа. Имам сертификат за работа со barella konto corona virus. Состојбата во Италија  е критична и апелирам до моите сограѓани останете дома и чувајте се - порача Латифи.

напомена- на ниту една фотографија во комората нема пациент, на сите е празна

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »