речник контакт

Велешанецот Михов, втор на ултрамаратонот во Атина

За 24ч. истрча 230 км. што е нов македонски рекорд

Петар Печков

Викендов во Атина - Грција се трчаше ултрамаратон, на кој членот на АК Велес, Трајче Михов го  освои второто место. Или за 24 часа тој истрча 230 км. што е нов македонски рекорд,  4 км повеќе од претходниот, кој беше во сопственост исто така на Михов.

Ултрамаратонот стартуваше во саботата во 14ч. а го завршивме во неделата во истиот  термин. За овие 24 часа одмарав само 30-тина минути за да се измасирам, други паузи немав. Временските услови беа одлични за овој период од годината, само  доцна во  ноќта и утрото  при разденување  беше поладно - вели Михов. 

Со овој истрчан резултат тој го исполни условот за учество на ЕП кое кон крајот на мај месец ќе се одржи во Темишвар Романија и на СП кое догодина  ќе се одржи во  Австрија.

На ултрамартонот во Атина, на тест за издржливост,  учествувале 90-тина учесници од десетина држави, Русија, Финска, Унгарија, Србија, Македонија,  домаќинот Грција. Победи Србинот Гациќ кој за 24ч. истрча 232 км а трет бил Унгарецот  Армид со 222 истрчани км.

Веќе денес, вторник, Михов  по истрчаните 230 км. беше на работното место како поштар во ЈП Македонски Пошти. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »