речник контакт

Велешанецот Михов за 24 часа истрча 220 км

Овој резултат е нов македонски рекорд а го трчаше во Белград, на тамошниот ултрамаратон

Петар Печков

Трајче Михов на Ултрамаратонот во Белград истрча 220 км за 24 часа, што е нов македонски рекорд, досегашниот беше 201 km. Со овој резултат Михов го освои првото место во конкуренција на атлетичари. Ултрамаратонот се трчаше од саботата напладне до неделата  напладне, на кружна патека на Ушќе во должина од два километри.

Меѓу учесниците била и 72 годишната белграѓанка Ангелина Анѓелиќ која истрчала 92 км, за 24 часа.  На ултрамаратонот учестувале 70 натпреварувачи  од девет  земји, Македонија, Србија, Полска, Германија, Велика Британија, Бугарија, БиХ, Словенија, Унгарија.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »