речник контакт

Велешанецот Сашко Костов издава ново ЦД

Албумот Silent in the Crowd содржи 12 композиции работени во изминатите две години

Петар Печков

После нецели пет години од издавањето на предходниот албум, Сашко Костов следната недела ќе го пушти во продажба неговото ново долгосвиречко остварување Silent in the Crowd. Албумот содржи 12 композиции работени во изминатите две години, а снимани во Two Points Studio додека миксот и мастерингот е работен во Rock Star Studio.

За овој албум работев и истражував околу две години, Овие 12 песни ги претставуваат моите највпечатливи 12 денови од вкупно 730. Денови кои силно делувале на мене и ме поттикнале да создавам. 12 дена во кои имав доволно време да гледам како сe станува чудно во оваа земја. Да ја гледам со сопствени очи тишината која не не води никаде. Го искусив паѓањето на земјата од високо. Се потсетував на создаденото кое веќе е уништено. И кога од сон, луѓето ќе се вратат на оваа земја, повторно се изгубени во својата улога, а јас паѓам како дожд за повторно да пораснам во нов ден – вели Сашко Костов за својот нов продукт

Албумот е работен заедно со неговиот бенд The Waiting Waits (Славчо Пеев, Оливер Тевчев, Игор Лефтеров), а исто така има и многу гости како Антоние Аранѓеловиќ, Техамана Скендеревска, Сеад Хаџиќ, Серафедин Куртов, Игор Иванов и Антоан Курт.

Благодарен сум на мојот бенд и гостите на овој албум. Тие ми помогнаа да го добијам тоа што го посакував – додава Сашко.

Снимањето го направи самиот Костов, додека миксингот и мастеринг е работен заедно со Антоан Курт. Дизајнот на обвивката е дело на Крсте Шупев кој го работеше и последното видео  “Counting the Stars” од истоименото ЕП, се уште достапно за слободно симнување од официјалниот сајт www.saskokostov.com.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »