речник контакт

Велешанецот Ѓоргиев на врвот Арарат

Фото репортажа од освојувањето на Арарат, каде според Библијата дедо Ное стигнал со бродот

Петар Печков

Арарат е највисокиот врв во Турција со 5137 метри, се  наоѓа 16 км западно од Иран и 32 км јужно од Ерменија. Тој е страто- вулкан формиран од лава и вжештени камења, Масивот на планината се протега  во дијаметар од 40км. Во Библијата Арарат е познат како место каде се насука бродот на дедо Ное.

Експедицијата  која го освои Арарат ја сочинуваа 12 планирани, единаесет биле бугарски и  Тоше Георгиев  од Велес. Искачувањето на Арарат започнало на 8-ми јули  кога со автобус биле оставени на последното стојалиште на висина од 1.600 метри. Потоа по макадам мат се пешачело до 2.000 метри, при што се минело низ три курдски села.

Првиот ден се пешачело до  висина од 3.200 метри кои се минати за седум часа. Следниот ден следело шест часовно качување и освојување на нови  илјада метри, по што стигнале на камп од 4,200 метри надморска височина. Тука ги зафатила и снежна бура со силен ветер. Следниот ден, по повеќе часа одење по мраз и смрзната терен  во седум часот по македонско време, се искачиле на Арарат, највисокиот врв на Турција. Ѓоргиев за овој потфат, добил финансиска помош и од градоначалникот Горан Петров иод  Тодор Бондиќов од Слоу фуд Чашка.

 Искачувњето на Арарат го зпаочнавме во два часот,по стрмен терен. Бевем поделени во две групи а не водеше курдски водич. Темепратурата беше -20 и дуваше ветер со силина од 70 км/час. По пет часа пешачње го оcвивмe Арарат, највисокиот врв на Турција и предизвик, за секој планинар - вели Тоше Георгиев.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »