речник контакт

Велешанецот Штерјовски со милионска добивка на Државната видео лотарија

Гордан, кој работи на брод, доби 1,6 милиони денари

Петар Печков

Велешанецот Гордан Штерјовски стана милионер. Тој ја доби најголемата награда на Државната видео лотарија, Милионер џек пот во висина од  1.617.237 денари.

Добивката ја освоил на 10-ти октомври во една од обложувалниците во градов.  Гордан пред неколку дена се вратил во татковината, во родниот град, па ова е дополнително убава причина за славење во неговото семејство.

При врачувањето на наградниот чек,  раскажал  дека работи на брод, па затоа и многу се израдувал. Со семејството направиле  план како ќе ги потрошат парите. Размислуваат да се подноват со нов стан или нов автомобил.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »