речник контакт

Велешанец возел брзо, под дејство на алкохол и ги нападнал полицајците

Зачести управувањето на возило под дејство на алкохол, но и проблеми што ги предизвиквуваат овие лица кон средината и заедницата

Петар Печков

Повторно полноќно дивеење на млад велешанец. Тој управувал возило со голема брзина, одбил алкотекст, ги нападнал полицајците. Подоцна било констатирано дека бил во пијана состојба. Деталите од информацијата на СВР Велес. Претходен случен случај имаше на 9 мај.

„На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26 год) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта“ - соопштија од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А - „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик - „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »