речник контакт

Велешанец во Скопје фатен со 300 грама хероин

Против А.С.(29) од Велес поднесена е кривична пријава

Петар Печков

СВР  Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднело кривична пријава против велешанец  кај кого била пронајдена дрога, информираа од МВР.

Против А.С.(29) од Велес поднесена е кривична пријава  поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 10.09.2018 година во 19.30 часот на ул.„Сава Михајлов“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Матиз“ со велешки регистарски ознаки, кое било паркирано на тротоар, како и проверка на идентитетот на возачот. Во тоа време дошол и пријавениот А.С., кој, исто така, бил легитимиран и бил извршен преглед на неговата чанта. При прегледот, во чантата биле пронајдени три пакувања со околу 300 грама хероин, една кеса со 285 грама мешавина од кофеин и парацетамол и едно пакување со околу 10 грама кокаин и два мобилни телефони - информираа од МВР.

Лицата биле лишени од слобода и однесени во Полициската станица Гази Баба, по што возачот бил пуштен, а А.С. бил задржан за понатамошна постапка. Предметите биле одземени и по извршеното вештачење, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против А.С. е поднесена кривична пријава.  

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »