речник контакт

Велешанец во полициска станица нападнал инспектори

Велешанецот А.С. заврши во притвор откако претходно ограби негов сограѓанин а во полициската станица ги нападнал инспекторите. Тој се удирла со тупаници за да докаже дека е тепан

Петар Печков

 Според СВР Велес инцидентот започнал  четвртокот на утро во 8,30 часот кога  А.С. ( 23 год) го повикал дома каj него М.К. ( 23 год) и му ги одзел тренерките и мобилниот, па го избркал надвор.

М.К. веднаш го пријавил случајот во СВР Велес а со неговите двајца браќа заминал да го бара напаѓачот. Наместо него околу 10, 30 часот му го нашле автомобилот југо кај Железен мост и му го одзеле.

Возејќи се низ град го сретнале А.С.  по што го тој заминал во полиција да пријави дека автомобилот му е украден. Полицијата веќе го барала А.С. по пријавата за ограбениот М.К.

При обавувањето на разговорот со полициските инспектори А.К.  според СВР Велес,  започнал да ги навредува, да им се заканува и вербално да ги напаѓа, поради што бил совладан од полицијата.

Потоа А.К. започнал да се удира со тупаници по глава,  заканувајќи им се на полицијата дека  ќе тврди дека бил тепан. Поради ова побарана е интервенција и од Брзата помош.

За ова против А.К.СВР Велес веднаш му поднела кривична пријава за напад врз службено лице а истражен судија во текот на вечерта му одредил 30 дневен притвор.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »