речник контакт

Велешанец кларинетистот Благој Ламњов ја освојува Кина и Јапонија

Тој е на трунеја со симфониски оркестар низ Кина и Јапонија

Петар Печков

Македонскиот уметник, кларинетистот Благој Ламњов    месец и пол дена настапува по далечно азиските концертни сали. Заедно со  симфонискиот ,,Холивуд  Концерт Оркестар,, од САД  од 15-ти декември  до крајот на јануари  е на турнеја по Кина и Јапонија, каде  имаат 25 концерти, во поголемите градови  на овие две земји. Во оркестарот се 36 музичари а меѓу нив е и Ламњов, кој пред две години  во Чикаго магистрираше на овој инструмент. На концертите ги оживуваат филмските музички теми од познатите филмски хитови.

На програмата од оркестарот се исклучиво филмски теми. Така ги свиревме насловните од Супермен, Титаник, Одвеано со виорот, Доктор Живаго,  Спајдермен, Индијана Џонс, Хари Потер. Претежно преовладуваат теми од поновите филмски хитови но има и класики, кои се вечни и незаборавни. Во оркестарот членуваат музичари од САД, мајстори на нивните инструменти кои се наменски собрани за оваа цел, концертните настапи во овој дел на Азија. Во Кина пред секоја тема има и илустрација од филмот, додека во Јапонија имаме гости два тамошни познати исполнители кои пеат познати филмски теми – вели Ламњов. 

Сопственикот на оркестарот  го слушнал при  Благој при концерт  во Чикаго, минатата пролет. Подоцна му понудил да биде дел од оваа турнеја, тој прифатил и не се кае. Можел да види како се музицира во вакво друштво, оркестар  составен од професионалци кои меѓусебно и не се знаат пред почетокот на турнејата. Но затоа се увежбуваат и работат за да имаат добар сценски настап.

На оваа турнеја имав можност да се свирам во совршени концертни сали, каде имаат настапувано светски познати мајстори. Би ги издвоил  Shanghai Oriental Art Center во Шангај,  Polo Theater во Пекинг, Sapporo Concert Hall Kitara  во Сапоро, Suntory Hall во Токио. Концертите се успешни, салите се распродадени и полни а  повеќето собираат по две илјади посетители. Публиката е задоволна, не наградува со аплаузи, по концерти сака да се слика со нас, па се чувствувам како познат музичар  од ваквиот однос на посетителите – објаснува Ламњов. 

Овој период на концертна активност живее по хотели и авиони,  на релација помеѓу големите кинески и јапонски градови, но едвај чека да се врати назад во Чикаго a новата година ја пречекал во кинескиот град Женг Жу.   

Тој минатата година магистрираше на Универзитетот во Рузвелт, но повторно продолжил со нова магистратура на Универзитетот Де Пол оти сакал да го усоврши кларинетот.  Потпишал и договор со приватно музичко училиште  во Чикаго каде предава кларинет.  Вели дека за своја душа освен класика свири и џез, поп, македонска народна музика која ја свири за своја душа, кога сака да се потсети на домашниот крај и  на родителите, братот, снаата и двете внучиња кои живеат во Шведска.  Освен кларинет Благој знае да свири и на гајда, тапан, зурла, саксофон.

Ламњов е еден од младите културни амбасадори на Македонија во светот кој со своите 28 години  тоа место го доби по победата на престижниот натпревар на класична музика за инструментот кларинет, кој се одржа во Чикаго САД во 2008-тата. Во жирито член бил познатиот светски кларинетист Лари Комбс  кој го пофалил и му помогнал и се ангажирал по завршувањето во Шведска каде дотогаш студирал, да продолжи со школувањето  во  САД.

 ова е неговата веб страница:

http://www.blagojclarinet.com/

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »