речник контакт

Велешанец криумчарел мигранти

Во домот на неговите родители откриени седум лица, државјани на Пакистан

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник, во куќа на сограѓанин биле откриени седум илегални мигранти.  Тие биле сокриени во куќа, која е покрај железничката пруга  а биле пронајдени од стран ана полицајците   во 8.30 часот.

Лицата биле илегални мигранти државјани на Пакистан Р.А.(36), Н.Р.А.(33), А.Ј.(33), А.Т.(35), К.А.(27), Н.Р.(22) и Н.М.(23). Тие во Македонија влегле пред четири дена илегално  во близина на ГП Богородица и се движеле пеш во правец кон Србија, а на 8-ми  декември  се сретнале со Р.С.(18)  со кого се договориле за износ од 190 евра да им помогне да најдат такси за да стигнат на македонско-српската граница.

Откако ги земал парите Р.С. ги сместил мигрантите во една од собите на куќата каде што живееле неговите родители и малолетната сестра. Во 11.30 часот  Р.С. бил пронајден и заедно со мигрантите бил приведен во ПС од ОН Велес. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Истиот е задржан во ПС за ОН Велес, за понатамошна постапка и во текот на денот ќе биде спроведен до ОЈО за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција и основниот суд Скопје-1 во Скопје, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »