речник контакт

Велешанец му продал автомобил на струмичанец ставен под залог

Струмичанецот купил автомобил од велешанец кој претходно бил ставен под залог

Петар Печков

СВР Струмица, поднесе кривична пријава против М.К.К. (35) од Велес,  управител на ДПТУ „Костовски Трејд“, за сторено кривично дело „измама„ и против З.Ж. (45) од Скопје за кривично дело „помагање„ во врска со измамата. М.К.К откако склучила договор со ТТК Банка за купување на автомобил и истиот го ставила под залог,  струмичанецот Т.Г. го довела во заблуда дека автомобилот не е под залог и му го продала за 260.000 денари.

Второпријавениот , М.Р. (30) од село Виничани кои се товараше исто така  за измама , против него е запрена постапката.  Истражниот судија оваа пријава против М.Р. ја отфгрли и М.Р. го ослободи од обвинение.

На овој начин Т.Г. е оштетен за износ од 260.000 денари.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »