речник контакт

Велешанец почина на работа во Скопје

По пет дена во кома младиот велешанец кој падна во отвор за лифт, почина

Петар Печков

Велешанецот Драган  Наковски ( 24 год) почина  по пад од објект во  изградба во Скопје. Според СВР Скопје настанот се случил на 16-ти  август на улица Прашка, по што повредениот кој  паднал од височина, се здобил со тешки повреди на главата и бил во кома. Неколку дена бил згрижен во Болница а починал вчера на КАРИЛ.

Тој секојдневно патувал на релацијата Велес – Скопје и обратно, работејќи во градежна фирма. Во петокот медиумите објавија дека  момчето изведувало работи на објект во изградба при што паднал во дупка за лифт и тешко се повредил. Несреќата  се случила околу 12 часот а Наковски веднаш бил префрлен на Клинички. Во средата, по пет дена борба за живот, тој почина.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »