речник контакт

Велешанец сакал да прегази полицајци

Бегал оти возел камион со фалц таблички од автомобил

Петар Печков

ПС Гевгелија поднесе  кривична пријава против Е.Н.(34) од Велес, за две  сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На  2-ри  ноември  годинава на регионалниот пат Богданци- Валандово, полициски службеници при обид да сопрат товарно возило, управувано од пријавениот, истиот не застанал туку продолжил да се движи кон полициските службеници со намера да ги прегази. 

Откако тие   се заштитиле и го ослободиле патот,  Е.Н.   побегнал и продолжил да вози по земјен пат, по што го сопрел возилото и се дал во бегство. По преземени мерки пријавениот е пронајден, а од извршена контрола е утврдено дека на товарното возило имал поставено регистарски таблички од патничко возило.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »