речник контакт

Велешанец се затрул со Доместос и Арф

Кола удрила пешак на улица, минал со лесни повреди

Петар Печков

СВР  Велес информираше за два настани кои се   случија во текот на вчерашниот ден. Едниот е кога младо момче испило хемиски препарати за чистење  и е во критична состојба а  другиот е за  возач на автомобил кој удрил пешак на улица.

На ден 14.03.2018 г. во 19.15 ч. во ЈЗУ Општа Болница - Велес е донесено лицето Ј.Ј.(28) од Велес, кој се затрул со испивање на половина литар „Доместос“ и 50 гр. „Арф“. По извршениот лекарски преглед е констатирано дека лицето е во животна опасност и истиот со возило на Брза Помош е однесено во Државна болница - Скопје на понатамошно лекување - пишува во писмената информација на  СВР  Велес.

На ден 14.03.2018 г. околу 10.00 ч. во Велес на ул. “Нада Бутнкошарова“ патнички автомобил марка “Фиат Пунто“ со велешки регистарски броеви  управувано од С.Д.(36) од Велес удира во пешак Б.Ц.(75) од Велес, кој се наоѓал на улицата. По незгодата повредениот пешак со возилото учесник во незгодата е однесен на лекарски преглед кај матичен лекар, а од таму е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде се константирани телесни повреди и по извршениот преглед е пуштен дома - информираа од велешката полиција

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »