речник контакт

Велешанец се лизнал додека го полевал дворот, паднал од 10 метри височина и починал

Сообраќајка на крстосницата кај Башино село, четирите девојки полесно повредени

Петар Печков

Саботата наутро велешанец паднал од 10 метри височина додека го полевал дворот, и починал. МВР информираше за настанот кој се случил близу Којник.

Саботата  околу 8.40 часот било пријавено дека на улица „Богдан Прличков“ во Велес, додека Б.Ѓ.(72) ги полевал дрвјата во дворот, се лизнал и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи.  Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт пишува во информацијата на МВР. 

 По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.   

Саботата попладне околу 15ч., близу крстосницата за Башино село дошло со сообраќајка, во која имало четири повредени девојки, сите минале со лесни повредни.

Во сообраќајка учествувале  возило ,, Фолсваген Кеди,,  управувано од Б.Д. (45 год) и автомобил алфа ромео управувано од Н.М (53 год)  и двете возила со велешки регистарски таблички.  Со возило на Итната помош повредените девојки  од автомобилот биле префрлени во Општа Болница Велес каде биле констатирани лесни повреди и сите се пуштени дома - соопштија од МВР. Полицијата ќе ги истражува причините за незгодата.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »