речник контакт

Велешанец се удави во Вардар

Обидот да се освежи во реката, завршил кобно за 53 гоишен велешанец

Петар Печков

Велешанец се удави во Вардар, откако сакале со пријателот да се натпливуваат, информираа од СВР Велес. Настанот се случил во неделата претпладне откако Ѓорги Неделков ( 53 год) со негов пријател сакале да се освежат во Вардар кај Градскиот парк.

Двајцата пријатели дури сакале и да се натпливуваат кој прв ќе стигне до целта, но Ѓорги од непознати причини потонал. По некое време бил пронајден на кејот  кај хотелот Вила Зора а докторите констатирале смрт.

По барање на истражен судија неговото тело е предадено на обдукција, за да се испита причината за смртта.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »