речник контакт

Велешанец спасен откако парче метал му влетало во срцето

Докторите од кардиохирургија му го спасиле живото на М. И. Тие досега не се соочиле со ваков случај

Петар Печков

 Во четвртокот претпладне додека работел во неговата работилница, велешанецот  М. И.  (41 год). се здобил со повреда, која му го загрозила животот. Имено додека работел со брусилицата и сечел камен, во еден момент парче метал се откачило и завршило директно во неговото срце.

 Веднаш бил пренесен од велешката Болница во Скопски ургентен центар. Таму помош побарале од кардиохирургија, каде биле  и доктори од Хрватска кои ги обучуваат македонските колеги.   Операцијата која траела неколку часа,  ја извршил д-р Јовев. 

 -Беше поставен на машина за вештачко срце и плуќа преку крвните садови на препоната. Најпрвин се постави на таа машина, ја сопревме срцевата работа, а тоа веќе обилно крвареше бидејќи десната комора беше распарана во должина од 10 сантиметри. Тоа е процедура што се прави со специјална солуција за заштита на срцето додека тоа не работи. Раната ја сошивме што се вели на “ладно” и тоа сега работи сосема добро, изјави проф.д-р Сашко Јовев, кардиохирург во Државната кардиохирургија за ТВ Сител.

По неколку часовна борба , несреќата имала  среќен крај. Тешко повредениот по операциајта е во стабилна состојба  на интензивна нега и не е веќе  на апарати за дишење.

Во моето досегашно искуство и на хирургија досега сме имале 2-3 случаи со површински убод со нож во срцето, но вакво нешто досега немало во мојата кариера, додава професорот Јовев.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »