речник контакт

Велешанец уапсен во акцијата ,,Фаланга,,

Велешанецот Б.Д. (36 год) дел од организираната група која на диво копала и продавала архолошки предмети.

Петар Печков

Одделот за организиран криминал, заради откривање на кривични дела насочени кон противправно присвојување на археолошки предмети и материјални добра кои преставуваат културно наследство на Р. Македонија од непроценлива вредност подолг временски период прибираше сознанија и информации за лица кои се дел од организирана криминална група инволвирани во криминални активности на илегално ископување од евидентирани археолошки локалитети на територијата на Р. Македонија, нивно присвојување и нудење на продажба во земјата и странство.

Заради откривање, документирање и докажување на кривичните дела кои ги вршат членовите на организираната криминална група, воспоставена е Криминалистичка истрага и од месец Октомври 2009 година отпочнато е со примена на посебни истражни мерки при што утврден е идентитетот на повеќе од 50 лица инволвирани во криминални активности насочени против културното наследство на Р. Македонија, улогата која ја имале при вршењето на кривичните дела, начинот на извршување на истите, како и начинот на нудење на продажба на археолошките предмети на купувачи од и надвор од РМ со цел стекнување на противправна имотна корист.

На 24.06.2010 година, заради обезбедување на материјални докази, врз основа на претходно изготвен план, од страна на ООК при МВР, во координирана акција, извршени се 58 претреси во домови и други простории во сопственост на 51 осомничено лице како и прегледи во повеќе возила кои ги користат осомничените.

При извршените претреси, пронајдени се голем број на археолошки и етнолошки предмети и тоа: над 3000 монети кои потекнуваат од различни историски периоди, повеќе од 20 различни фигури со различна големина изработени од камен, бронза, бакар и мермер, голем број на керамички, бакарни и месигани садови, над 160 парчиња разновиден накит (нараквици, прстени, привезоци, медаљони), над 300 метални, камени и керамички делови од предмети, метални секири, повеќе мермерни постаменти и плочи, метални копја, повеќе од 10 икони и други предмети.

Исто така, при претресите пронајдени и одземени се стари пиштоли и сабји, околу 20 метал - детектори, 14 сонди и други направи (ноќни визири, дупчалки и др) кои ги користат членовите на групата за вршење на илегално ископување на археолошки предмети на евидентирани археолошки локалитети на територијата на Р.Македонија, потоа поголем број на карти, мапи, фотографии на кои се прикажани разни монети, икони и други археолошки предмети, кои ги користеле за нудење на продажба на предметите.

Кај некои од членовите на групата пронајдени се оружје муниција и една рачна бомба.
Членовите на организираната криминална група се пријавени поради постоење на основано соменение дека истите ги сториле  следните  кривични дела: „Злосторничко здружување“, „Тешка Кражба“, „Оштетување или уништување културно наследство“, „Присвојување на културно наследство“ и „Изнесување во странство на културно наследство“. Исто така полициските службеници Г.Ѓ. и Б.Ј. пријавени се и за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Групата била организирана и делувала како функционална целина со структурирана поделба на групи по региони на градови, кои дејствувале посебно или заедно со точно определени  дејствија и задачи на секој припадник со цел илегални ископувања од евидентирани археолошки локалитети кои припаѓале на нивните региони.

При тоа, оштетувајќи и уништувајќи ги ископините кои се делови од целини на евидентираните локалитети, присвојувале ископини-предмети што преставуваат културно наследство, а за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело, со намера за нивно противправно присвојување, па иако прометот со археолошки предмети е забранет, ги продавале во Р.Македонија, ги  изнесувале  во странство, со што трајно го оттуѓиле културното наследство од особено значење во државна сопственост, а во остварување на овие цели и помогнати од обвинетите Г.Ѓ. и Б.Ј., кои како овластени службени лица, ја искористиле својата службена положба и  овластување со што овозможиле непречено движење на археолошките предмети од една локација до друга, со нивно превезување, односно обезбедување на превозот со што нанеле штета на Р.Македонија од непроценлива материјална  вредност. Додека, пријавениот И.Т., од Скопје, присвојувал археолошки предмети, кои членовите на групата му ги продавале како на познат љубител и колекционер.

Членовите на организираната криминална група археолошките предмети ги пронаоѓале и ископувале на евидентирани археолошки локалитети на подрачјето на Валандово, Неготино, Прилеп, Штип, Скопје, Велес, Кичево,  Демир Капија и Дојран со користење на разни мапи, карти и употреба на детектори, сонди и други технички помагала при што, поради нестручното ископување на археолошките предмети трајно оштетиле и отуѓиле културното наследство од особено значење во државна сопственост.

Предметите кои членовите на организираната криминална група ги присвоиле на различни начини (со пронаоѓање, ископување или  купување на истите и сл.) ги нуделе на продажба на заинтересирани купувачи со: директно покажување на предметите или преку фотографии, како и снимени на ЦД, мобилни телефони или УСБ.

При претресите во домовите кај сите пријавени лица пронајдени се предмети за кои се претпоставува дека имаат археолошка и етнолошка вредност од различни историски периоди како и детектори, сонди и други технички помагала за пронаоѓање и ископување на археолошки предмети, фотографии на кои се прикажани различни предмети и монети кои пријавените ги користеле при нудење на истите на продажба и слично.

Од страна на СВР Битола-ПС Прилеп, СВР Штип, СВР Велес и СВР Струмица-ПС Валандово врз основа на пронајдени докази (предмети) при извршените претреси до надлежните ОЈО ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против вкупно 5 лица.        
.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »