Петар Печков
Објавено: петок, 24 јануари 2025
Средата попладне, кумановско, бил упасен велешанец, која превезувал мигранти. Деталите од информацијата од МВР.
„На 22.01.2025 во 18.15 часот на автопатот Табановце - Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.Д.(44 год) од Велес, кој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, качувал три лица мигранти, од кои двајца од Непал и еден од Индија“ - информираа од МВР.
Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а по целосно документирање на случајот, против З.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |